Достапни линкови

logo-print

Цените на мало во август се зголемиле за 1,7 отсто


Цените на мало во август годинава, во однос на претходниот месец бележат пораст од 1,7 отсто, а трошоците на животот пораснале за 1,5 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според ДЗС, порастот на трошоците на живототе резултат на повисоките индекси на зеленчукот и мастите за повеќе од 5 проценти, месото, преработките од риба и млечните производи за 0,7, лебот и тестенините за 0,6, другите прехранбени производи за 0,5, преработениот зеленчук за 0,4, свежото и киселото млеко за 0,2 отсто.
Во август, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричната енергија за домаќинствата за 10 отсто, течните горива и гасот за 7,9, нафтените деривати за 7,6, централното греење за 4,1, лековите за 1,9, услугите за лична хигиена за 0,6, електричните апарати за домаќинството за 0,3, мебелот, трошоците за одржување на автомобилите и материјалите за одржување на станот за 0,2 отсто.
Само овошјето, јајцата, рибата и алкохолните пијалаци поевтиниле.
XS
SM
MD
LG