Достапни линкови

Напредува изработката на иранскиот антиракетен систем


Командантот на воздухопловните сили на Иран, Фарзад Есмаили.

Командантот на воздухопловните сили на Иран, Фарзад Есмаили.

Иран комплетираше 30 проценти од новиот атниракетен воздушен систем, соопшти командантот на воздухопловните сили на Иран, Фарзад Есмаили. Тој вели дека очекува до крајот на годината системот Бавар-373 да биде комплетен. Тој го опиша системот како „понапред“ за разлика од советскиот С-300.
Новиот ситем треба подобро да ги „открива, идентификува и уништи целите“. Системот С-300 беше конструиран за одбрана од авиони, ракети и балистички проектили, но Русија одби да им го продаде С-300 на Техеран, велејќи дека со тоа ќе се нарушат санкциите на ОН. Иран е под санкции од страна на Израел и западните сили за неговата нуклеарна програма.
Есмаили вели дека најголема закана за Иран се воздушните напади. Тој рече дека новиот систем треба да се тестира до почетокот на ноември.
XS
SM
MD
LG