Достапни линкови

logo-print

Прекршочни пријави ако не се вратат старите таблите на училиштата во Чаир

Министерот за образование Панче Кралев и високиот претставник за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек, во посета на училиштето Рајко Жинзифов во населбата Топанско Поле.(едно од училиштата кое сега доби ново име)

Доколку во рок од осум дена не бидат вратени таблите со старите имиња на четирите основни училишта во општина Чаир Државниот просветен инспекторат ќе поднесе прекршочни пријави, изјави директорот на Инспекторатот Надица Николоска.
Николоска посочи дека нема согласност од Министерството за образование за промена на статутот на училиштата, а со тоа и на имињата на училиштата.
Казните изнесуваат две илјади евра за правниот субјект, додека од 500 до 800 евра за одговорните лица во правниот субјект, изјави Николоска.

„Во конкретниот случај нема согласност од МОН за промена на имињара на училиштата. Поради тоа, Државниот просветен инспекторат ќе изврши повторен инспекциски надзор и после месец дена може да донесе повторно решение, односно да поднесе прекршочни пријави“, рече Николоска.
XS
SM
MD
LG