Достапни линкови

Апелација ја потврди пресудата за „тигарот “ Спасов


Апелацискиот суд од Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која припадникот на специјалната единица „Тигри“ Игор Спасов е осуден на казна затвор во траење од 14 години за убиството на Мартин Нешковски на 5 јуни минатата година.

Судот го прогласи Спасов за виновен за убиство со умисла. Според обвинението, Спасов го претепал Нешковски поради банална причина додека на плоштадот „Македонија“ во Скопје се прославувала победа на ланските предвремени парламентарни избори.

Судењето траеше неколку месеци. За време на целиот судски процес Спасов го негираше убиството.
XS
SM
MD
LG