Достапни линкови

Експлозија на бомба во Дамаск, 18 жртви во Алепо


Сириската обсерваторија за човекови права сооошти дека експлодирала автомобил-бомба во Дамаск, предизвикувајќи штета. Засега нема податоци колку луѓе загинале или се повредени при експлозијата. Сириската државна агенција САНА за експлозијата ги обвини „терористичките групи“ Од Обсерваторијата претходно соопштија дека сириските владини сили бомбардирале дел од Алепо кој е во рацете на бунтовниците, при што загинале 18 луѓе. Помеѓу жртвите имало деца и жени, соопштуваат од Организацијата. Според нивните информаци од почетокот на војната пред година иполовина досега во земјата загинале повеќе од 26 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG