Достапни линкови

Одбиено барањето на Караџиќ за ново судење


Радован Караџиќ .

Радован Караџиќ .

Судот за воени злосторства во Хаг го отфрли барањето на Радован Караџиќ за ново судење. На Караџиќ му се суди од октомври 2009 година за воени злосторства, вклучувајќи и геноцид, сторени за време на војната во Босна од 1992 до 1995 година. Тој се изјасни за невин по сите обвиненија.
Минатиот месец тој побара од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија ново судење, обвинувајќи дека обвинителите доцна пронашле докази поволни за неговата одбрана. Но денеска судиите соопштија дека тие докази не го повредиле правото на Караџиќ за фер судење.
Караџиќ се брани сам и од 16 октомви треба да ја започне својата одбрана, досега обвинителите ги изнесуваат доказите против него.
XS
SM
MD
LG