Достапни линкови

„Пуси рајот“ нема да се извинат на телевизија


Адвокатите на осудените члeнки на „Пуси рајот“ соопштија дека девојките ја одбија понудата да се извинат на државната телевизија за перформансот со кој го осудуваа владеењето на Валдимир Путин во една руска православна црква. Меџерите на националната телевизиска програма „Човекот и Законот“ понудија трите девојки да се извинат за нивното дела, а тоа да биде пренесувано на телевизија. Во замена за тоа управителите ќе се заземат за намалување на двегодишната казна затвор. Адвокатите велат дека членките на панк групата ја одбиле понудата како „навредлива“ и рекле дека планираат да поднесат жалба до судот.
XS
SM
MD
LG