Достапни линкови

Независноста ќе се слави со концерт на Филип Втори


Од минатогодиншните подготовки за прославата на 20-годишнината од независност на Македонија.

Од минатогодиншните подготовки за прославата на 20-годишнината од независност на Македонија.

Годишнината од независноста на Македонија, на 8 септември ќе се одбележи со концерт на Националната арена „Филип Втори“. На концертот на браќата Тавитјан ќе настапат многу македонски и балкански ѕвезди.
Централната прослава за Денот на независноста ќе се реализира преку концертот што ќе почне во 20 часот, на кој ќе биде промовиран албумот „Македонското срце чука во 7/8“ на браќата Тавитјан. Претходно, во 19 часот ќе се одржи свечена академија во Македонската опера и балет.
Во продажба се пуштени 70 илјади влезници по симболична цена од 20 денари. Средствата од билетите ќе бидат дадени за хуманитарни цели.
XS
SM
MD
LG