Достапни линкови

logo-print

Иванов во тридневна посета на Брисел


Претседателот Ѓорге Иванов од вечер треба да присуствува во тридневна посета на Брисел каде што утре и задутре ќе се сретне со највисоките преставници на Европската унија и на НАТО.
Според програмата, Иванов утре ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Андерс Фог Расмусен и со Штефан Филе, еврокомесар за проширување на Унијата. Во среда македонскиот претседател ќе има средба со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромппуј.
Се очекува разговорите да бидат фокусирани на македонските евроинтегративни процеси, можноста за нивно деблокирање, тековниот реформски процес во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво и очекувањата на Република Македонија во однос на октомврискиот извештај на Европската комисија.
Од канцеларијата на еврокомесарот Филе, потврдуваат дека на неговата средба со Иванов да биде допрена и темата околу кризата во владината коалиција во Македонија.
Иванов на средбите во Брисел ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски.
XS
SM
MD
LG