Достапни линкови

logo-print

Филе разочаран од босанските политичари


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Европската комисија е разочарана што политичките лидери во Босна и Херцеговина го промашија првиот временски рок во врска со исполнување на ЕУ-агендата на земјата, а кој беше 31 август. Комесарот Филе жали што во БиХ се дава слаб приоритет на европската агенда, како од власта, така и од опозицијата, изјавил во писмена изјава еврокомесарот за проширување Штефан Филе, посочуваат од прес-службата на Европската комисија.

Граѓаните на Босна заслужуваат подобро, а ние се надеваме дека институциите во оваа земја ќе започнат да говорат во еден глас со Европската унија, вели Филе.
XS
SM
MD
LG