Достапни линкови

Гостивар демантира дека булеварот ЈНА е преименуван во Џемо Хаса


Градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи.

Градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи.

Општина Гостивар ги отфрла како невистинити и тенденциозни информациите објавени во дел од медиумите дека булеварот „ЈНА“ во Гостивар, е преименуван во булевар „Џемо Хаса“.

„Ја информираме јавноста дека Службениот весник бр.8 на Општина Гостивар, во кој ќе бидат внесени одлуките донесени на последната седница, се уште е во подготовка и истиот не е објавен ниту во печатено ниту во електронско издание, што е доказ дека се работи за чиста дезинформација со тенденција на нарушување на меѓуетничките односи“, се наведува во соопштението на општина Гостивар.

Советот на Општина Гостивар, на последната седница со мнозинство гласови ја усвои предлог-листата со имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и истата ќе ја достави до владата за добивање согласност за понатамошно постапување.
XS
SM
MD
LG