Достапни линкови

Претседателот на Меѓународниот Црвен крст во посета на Сирија


Новиот претседател на Меѓународниот комитет на Црвениот крст започнa триднeвнa посета на Сирија. Претседателот Петер Маурер планира да се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад и со други високи претставници. Според организацијата, планирано е да се разговара за „брзото влошување на хуманитарната ситуација во Сирија.“
Црвениот крст очекува Маурер да се заложи за подобар пристап на хуманитарните работници до цивилите погодени од конфликтот, како и да посети затвори. Ова ќе биде прва посета на Сирија за Маурер, кој го презеде претседателството на Меѓународната организација на 1 јули годинава.
XS
SM
MD
LG