Достапни линкови

Иванов -очекувам позитивен извештај од ЕК и датум за преговори во декември


Претседателот Ѓорѓе Иванов очекува позитивен извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија за 2012 година и датум за почеток на преговорите од Советот на ЕУ во декември годинава.Претседателот неделава ќе замине за Брисел каде ќе има средби со високи претставници на ЕУ и на НАТО.
Тој осврнувајќи се на прашањето за името укажа на недомнешната посетата на Македонија од страна на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун придружуван од посредникот во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц, оценувајќи ја како прва содржајна средба од таков вид.

„Не знам досега како се одвивале тие, меѓутоа на оваа средба со Бан Ки-Мун ги отворивме сите прашања, сите аспекти и сето она што ние досега како држава сме го презеле и сме го иницирале да ја искажеме нашата подготвеност да се дојде до решение. Меѓутоа, од другата страна гледате постојано има изговор тоа да се одлага. Еднаш се тоа избори, другпат е економска криза, третпат е неподготвеност. Сето ова го увиде и го искажа на прес-конференција Бан Ки-нун. Нашата страна во однос на овој дведецениски спор е со чисто досие“, рече Иванов.

Во однос на односите во владината коалиција по настанот во Слупчане и најновиот случај со поставување табли со нови имиња на неколку училишта во општина Чаир, претседателот Иванов рече дека станува збор за дневна политика.
XS
SM
MD
LG