Достапни линкови

Американци ранети во бомбашки напад во Пакистан


Пешавар, 03.09.2012

Пешавар, 03.09.2012

Американската амбасада во Пакистан соопшти дека двајца американци од конзулатот во Пешавар биле ранети во денешниот бомбашки напад врз нивното возило. Во нападот биле повредени и двајца пакистанци кои работеле во американскиот конзулат. Претходно, пакистанската полиција соопшти дека автомобил полн со експлозив удрил во американското возило, при што имало двајца загинати. Засега никој не ја презеде одговорноста. Властите велат дека зад вакви напади стојат талибанците.
XS
SM
MD
LG