Достапни линкови

Договорена кавга меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ?


Архивска фотографија: Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и партиското раководство на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.

Архивска фотографија: Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и партиското раководство на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.

Сега кога се во прашање коалиционите партнери, ние треба на некој начин да ги третираме како брачни другари – што повеќе се караат, тоа повеќе се сакаат, вели универзитетскиот професор Етем Азири.

По настанот во Слупчане и влегувањето на предлог законот за бранители во собраниска процедура, односите во владината коалиција ги бранува уште еден настан, новите имиња на четири основни училишта во Чаир, чии табли беа поставени без да се има соодветното одобрение од надлежните. За дел од домашните аналитичари, сите овие потреси во владејачката коалиција се смислено сценарио на владејачките партии да се спроведат предвремени избори поради страв од пад на партискиот рејтинг.
Бидејќи владејачките партии од двата блока немаат што да понудат, особено на економски план, нема резултати и нема развој, па мораат како и секогаш досега за жал да играат на картата на национализмот и да вперуваат прст кон другите националности и да велат дека тие ни се непријатели, дајте да си ја одбележиме територијата и дајте да кажеме дека тоа е наше.

Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.

„Бидејќи владејачките партии од двата блока немаат што да понудат, особено на економски план, нема резултати и нема развој, па мораат како и секогаш досега за жал да играат на картата на национализмот и да вперуваат прст кон другите националности и да велат дека тие ни се непријатели, дајте да си ја одбележиме територијата и дајте да кажеме дека тоа е наше“, вели политикологот Соња Стојадиновиќ.

Универзитетскиот професор Етем Азири, пак, вели дека моменталните случувања во владејачката коалиција се дел од политичкиот живот. Стои на ставот дека предвремените избори не се најдоброто решение ниту за едната, ниту за другата владејачка партија и оти по низата недоразбирања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе следува затоплување на односите.
Сега кога се во прашање коалиционите партнери, ние треба на некој начин да ги третираме како брачни другари – што повеќе се караат, тоа повеќе се сакаат. Јас мислам дека многу брзо коалиционите партнери ќе ги испеглаат своите односи, а тоа е во корист на демократијата, на демократските процеси во Македонија.

„Сега кога се во прашање коалиционите партнери, ние треба на некој начин да ги третираме како брачни другари – што повеќе се караат, тоа повеќе се сакаат. Јас мислам дека многу брзо коалиционите партнери ќе ги испеглаат своите односи, а тоа е во корист на демократијата, на демократските процеси во Македонија.“

Односите топло-ладно и најавите за предвремени избори, дури и пред локалните, ги збуни граѓаните. Политичарите се тие кои ја создаваат тензијата и креираат вештачка криза, додава Стојадиновиќ.

„Секогаш тие ја создаваат тензијата која не постои за да кажат гласајте за нас, ние ќе го решиме проблемот, а всушност тие го создале.“

Професорот Азири вели дека ваквите „игри“ во политичкото дејствување се нормални и дека во обид да се остане на власт подолго време се користат сите политички средства.

„Обичниот граѓанин е збунет, само јас мислам дека ова се најнормални ситуации и односи за политиката, затоа што коалиционите партнери, освен заедничкото, имаат и разлики. Разликите се состојат во тие специфичности и секој се бори за свој опстанок во ова политичко поднебје.“

Она за што се согласуваат експертите се дека доколку и се случат предвремени избори, тоа нема да биде најсреќно решение за граѓаните, оти во услови на голема сиромаштија во земјата, уште едни избори би биле луксуз за државната каса.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG