Достапни линкови

Жртвите на лекот талидомид не прифаќаат извинување


Жртвите на талидомидот велат дека извинувањето од германскиот изумител на лекот што кај илјадници новородени деца предизвика аномалии било недоволно и предоцна. Талидомидот беше развиен од германската фирма Груенентал и продаван во светот како лек против утринските болки кај бремените жени во 50 и 60 години од минатиот век. Околу 10 илјади бебиња како последица од третманот на нивните мајки беа родени без раце и нозе.
XS
SM
MD
LG