Достапни линкови

Груевски: заедништво за силна Македонија


„Во предвечерјето на 21 роденден на самостојна и независна Македонија сакам да испратам порака на заедништво, солидарност и непокор пред предизвиците со кои се соочуваме. Тоа е единствен начин за добивање на борбата против негаторите на македонскиот народ и македонската црква. Немојте да се делите,, изјави премиерот Никола Груевски на средбата со македонската дијаспора во Детроит на која присуствуваа и американски конгресмени и бизнисмени. Конгресменот од Демократската партија Гари Питерс изјави дека педесетина негови колеги испратија писмо до претседателот Барак Обама во кое побараа да се заложи Македонија да стане дел од НАТО. Поддршка за македонското членство во НАТО и засилување на партнерството меѓу САД и Македонија искажа и Кендис Милер, конгресменка од Републиканската партија.
XS
SM
MD
LG