Достапни линкови

30 загинати во борби меѓу турската армија и курдски бунтовници


30 луѓе загинаа во синоќешниот судир меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници во југоисточниот дел на Турција. Во борбите загиниле деветмина припадници на безбедносните сили и околу 20 членови на Курдската работничка партија. Во изминативе месеци зачестија судирите меѓу турската армија и курдските бунтовници. Турските власти како причина за тоа го наведуваат хаосот во Сирија.
XS
SM
MD
LG