Достапни линкови

logo-print

Почнува учебната година


Учениците денеска ја почнуваат новата учебна година. Во основните училишта настава ќе следат околу 200.000 ученици, од кои првачиња се 20.700.
Според резултатите од двата уписни рока во јавните средни училишта, во прва година се запишале 20.049 ученици. Од нив 7.732 во гимназиско образование, 11.776 во стручно образование, 292 ученика во уметничко образование и 249 ученици во спортска гимназија во Скопје. Во Македонија има 457 училишта од кои 358 основни и 99 јавни средни.
XS
SM
MD
LG