Достапни линкови

Чешка -уапсени фалфикатори од Балканот, меѓу нив и Македонци


Илустрација.

Илустрација.

Чешката полиција разбила меѓународна група што се занимавала со фалсификување документи и организиран криминал. Групата била составена од луѓе од Балканот, меѓу кои и Македонци.
Во акцијата насловена „Покер“ уапсени се 17 луѓе, кои се занимавале со фалсификување персонални документи, како што се пасоши, дозволи за престој, возачки дозволи, лични карти и други документи.
Истрагата траела 18 месеци, додека групата ја сочинувале албански, македонски, чешки, бугарски, украински и египетски државјани, а биле активни на пазарот цели десет години.
Под истрага се и функционери на чешката полиција, под сомнение за вмешаност во овој криминал.
Цената по документ достигнувала и до 1.800 евра.
XS
SM
MD
LG