Достапни линкови

Експлозија во Дамаск, четворица повредени


Најмалку четворица луѓе се повредени во експлозија во Дамаск, јави сириската државна телевизија. Нападот е опишан како „тероризам“. Според државната телевизија и изјавите на очевидците, експлозијата се случила во местото Мехди во областа Абу Реманех. Претходно државните медиуми објавија дека при експлозија на автомобил-бомба во јужното предградие на градот загинале најмалку 15 луѓе. Бунтовниците и владините сили водат жестоки битка за Дамаск од јули.
XS
SM
MD
LG