Достапни линкови

logo-print

Јужна Африка- рударите ќе бидат ослободени


Обвинителството во Јужна Африка ќе ги укине обвиненијата за убиство против 270 рудари, чии колеги беа убиени од страна на полицијата. Полицијата застрела 34 рудари кои штрајкуваа во рудникот за платина Лонмин на 16 август. Обвиненијата не можат да се отфрлени официјално до крајот на истрагата, но обвинителите изјавија дека сите уапсени рудари ќе бидат ослободени. Локалните власти го искористија законот со кој ги обвинија рударите дека тие ја провоцирале полицијата да отвори оган. Рударите бараа зголемувањето на платите и признавање на нивната нова Организација.
XS
SM
MD
LG