Достапни линкови

Рекорден извоз на нафта од Ирак


Нафтени полиња.

Нафтени полиња.

Ирак во август дневно извезувал по 2, 56 милиони барели нафта во просек, што е најдобриот резултат во последните 30 и повеќе години, соопшти денеска ирачкото министерство за нафта.
Од извозот оствариле приход од 8, 442 милијарди долари, а барел нафта се продавал за 106 долари. Извозот на нафта од Ирак од минатата година е во пораст благодарение на неколкуте странски нафтени компании кои работат во Ирак, но и поради тоа што годинава беа пуштени во погон два нови терминале за извоз.
Ирак е на четврто место по извоз на нафта во светот. Се проценува дека во земјата има околу 143, 1 милијарди барели нафта.
XS
SM
MD
LG