Достапни линкови

logo-print

Утре започнува новата учебна година


Учениците утре ја почнуваат новата 2012/2013 учебна година. Во основните училишта настава ќе следат околу 200 илјади, од кои првачиња се 20.700.
Според резултатите од двата уписни рока во јавните средни училишта, во прва година се запишале 20.049 ученици. Од нив 7.732 во гимназиско образование, 11.776 во стручно образование, 292 ученика во уметничко образование и 249 ученици во спортска гимназија во Скопје.
Во Македонија има 457 училишта - 358 основни и 99 јавни средни.
XS
SM
MD
LG