Достапни линкови

logo-print

Нетенјаху бара поостри мерки против Иран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху ја повика меѓународната заедница да го зголеми притисокот на Иран, затоа што без „јасни црвени линии“ Техеран нема да запре со својата спорна нуклеарна програма.

Нетенхају на денешната владина седница рече дека не гледа одлучност на меѓународната заедница да се спречат активностите на Иран.

Меѓународната агенција за атомска енегија минатата недела заклучи дека Иран ги проширил своите активности во еден подземен комплекс и спречи меѓународна истрага во друг, за кој постојат сомнежи дека е наменет за развој на нуклеарно оружје.
Израел претходно се закани дека ќе го нападне Иран ако заклучи дека санкциите на меѓународната заедница и дипломатијата не се доволни да се запре спорната нуклеарна програма на Иран.
XS
SM
MD
LG