Достапни линкови

Кралев - Преименување училишта без согласност на МОН е спротивно на законот


Министерот за образование Панче Кралев и високиот претставник за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек, во посета на училиштето Рајко Жинзифов во населбата Топанско Поле. 20 октомври 2011.

Министерот за образование Панче Кралев и високиот претставник за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек, во посета на училиштето Рајко Жинзифов во населбата Топанско Поле. 20 октомври 2011.

Четири основни училишта во Чаир утре ќе ја почнат учебната година преименувани без согласност на Министерството за образование и наука. Министерот Панче Кралев денеска го повтори ставот дека ставањето табли со нови имиња на училиштата и менување на нивниот статут без одобрение од МОН е спротивно на законот.

Општина Чаир доставила барање до МОН за преименување на основните „Јане Сандански“, „Рајко Жинзифов“, „Никола Вапцаров“ и „Цветан Димов“ во „Јашар-бег“, „Исмаил Ќемали“, „Имри Елези“ и „Хасан Приштина“, но од министерството не добила одобрение за измени на статутот на училиштето.

Кралев вели дека во Министертвото има над 200 барања за промена на статут на училишта низ државата за што се потребни неколку месеци да се дадат забелешки, одобрение или да се одбие промената на статутот.
XS
SM
MD
LG