Достапни линкови

Авганистан- Милицијата по грешка убила најмалку 8 цивили


Најмалку осум авганистански цивили били убиени откaкао провладините припадници на милицијата ги помешале со Талибанци. Властите во покраината Кундуз соопштија дека локалната милиција започнала напад во селото Кунум, во потрага по Талибанците кои убиле двајца мажи, вклучувајќи и еден припадник на милицијата. Официјални лица изјавија дека околу 10 цивили се убиени, а осум повредени во нападот, но не се знае дали меѓу жртвите има жени и деца. Локалните милиции, или познати како „Арбакис“ беа формирани од страна на централната власт и НАТО во борбата против Талибанците во оддалечените области на Авганистан.
XS
SM
MD
LG