Достапни линкови

logo-print

Ново, петто обвинение против Санадер


Поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер.

Поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер.

Обвинителите во Хрватска поднесоа ново обвинение против поранешниот премиер Иво Санадер, за корумптивни договори со кои се збогатил за 3 милиони долари. Властите во Загреб го обвинуваат Санадер и тројца негови поранешни соработници дека искористиле државни пари за купување на зграда по цена „значително повисока од пазарната вредност.“ Ова е петто по ред обвинение поврзано со корупција поднесено против 59-годишниот Санадер, кој ја предводеше владата на Хрватска од 2003 до 2009.
Обвинителите велат дека тој нелегално стекнал повеќе од 15 милиони долари преку серија на корумптивни бизнис зделки додека бил премиер. Санадер се изјасни за невин по сите претходни обвиненија.
XS
SM
MD
LG