Достапни линкови

logo-print

Активни осум пожари низ Македонија


Илустрација.

Илустрација.

На територија на Македонија до 11:00 часот се регистрирани осум активни пожари, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Активни се пожарите во општина Тетово кај селото Вејце кон село Селце, општина Македонски Брод кај селото Волче, општина Кочани кај селата Костин Дол и Полаќи кон Вранинци, општина Чашка кај селото Ораше и кај селото Богомила, општина Новаци кај селата Добровени и Совиќ како и во општина Гевгелија каде пожарот е активен но е под контрола.

Се уште се активни и пожарите во општина Јегуновце кај селото Вратница и во општина Студеничани кај селото Рамни Габер.

Локализирани се пожарите кај Н.П. „Јасен“, во општина Струга кај селото Радуч на планината Јабланица како и во општина Сопиште кај селата Патишка река и Дражилово. Изгаснати се пожарите во општина Гостивар кај селата Лакавица и Митрови Крсти и пожарот во општина Прилеп кај селото Царевиќ на место викано Мајнов Дол.
XS
SM
MD
LG