Достапни линкови

logo-print

Украина го критикуваше амбасадорот на ЕУ во земјата


Жозе Мануел Пинто Тешеира

Жозе Мануел Пинто Тешеира

Министерството за надворешни работи на Украина го критикуваше амбасадорот на Европската унија во заминување за неговите неодамнешни коментари за политичката ситуација во земјата. Во интервјуто пред неколку денови Жозе Мануел Пинто Тешеира кој ги помина последните четири години како главен дипломат на ЕУ за Киев, ја критикуваше владата за затварањето на поранешниот премиер Јулија Тимошенко, како и последните измени на изборниот закон.
Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Олех Волошин изјави дека Тешеира само крева врева, и рече дека на местто на тешеира ќе дојде „апсолутно поинаква личност“.
Следниот амбасадот на ЕУ во Киев е полскиот дипломат Јан Томбински, кој претходно работел како амбасадор во Франција, Словенија и Босна и Херцеговина, а Тешеира оди во западна Африка.
XS
SM
MD
LG