Достапни линкови

logo-print

НАТО запира со обука на локалната авганистанска полиција


Претставници на НАТО соопштија дека привремено ќе запрат со обука на локалната полиција и на специјалните сили во Авганистан, во обид да се запрат инсајдерски напади врз странски војници.
Портпаролот на НАТО соопшти дека ќе продолжи обуката на повеќе од 350 илјади припадници на авганистанската национална армија и националната полиција. Обуката нема да важи за околу 20 илјaди Авганистанци кои ја сочинуваат локалната полиција и силите на специјалните единици, додека нивните американски тренери не воведат построг процес на проверка за нови регрути.
Овој потег доаѓа откако вкупно 15 американски и странски војници беа убиени изминатиот месец во нападите од страна на авганистанските сили.
XS
SM
MD
LG