Достапни линкови

logo-print

Автобуска несреќа во Иран, најмалку 19 жртви


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку деветнаесет луѓе загинале во автобуска несреќа во иранскиот град Шираз. Автобусот со кој се превезувале наишол на камен по што се превртел. Во несреќата се повредени уште 25 патници, од кои 5 посериозно. Локалната сообраќајна полиција го обвини возачот на автобусот за „прекумерна брзина и невнимание.“ Околу 20 илјади луѓе умираат во сообраќајни несреќи секоја година во Иран.
XS
SM
MD
LG