Достапни линкови

Шулц- економска зона во Грција за стимулирање на растот


Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц предложи во Грција да биде формирана специјална економска зона за стимулирање на економскиот раст на земјата.
Тој во интервју за германскиот неделник „Шпигел“ изјави дека за да се реализира овој проект, Атина треба да се придржува кон единствената европска валута, да биде подготвена за спроведување реформи и да има поволна инвестициска клима во земјата.
Според Шулц Грција треба да разбере дека европските експерти и помагаат на Атина во спроведување на мерките за излез од кризата. Тие не се странски окупациски сили и дејствуваат со цел да и помогнат на земјата, истакна тој.
XS
SM
MD
LG