Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја и Иран се заложија за силна соработка


Самиотот на Движењето на неврзаните во Техеран.

Самиотот на Движењето на неврзаните во Техеран.

Северна Кореја и Иран ветија дека ќе ги зајакнат меѓусебните односите и ќе ја зголемат соработката на полето на науката и технологијата. Ветувањата уследија по средбата со Ким Јонг Нам, постарито син на поранешнито лидер Ким Јонг Ил, со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на маргините на Самиотот на Движењето на неврзаните во Техеран. Севернокорејските медиуми објавија дека двајцата лидери разговарале за „заедничка анти-империјалистичка, анти-американска соработка“ и потпишале договор за сподлување на технолошките достигнувања. Договорот со кој се предлага формирање на заеднички лаборатории и научни програми за размена, веројатно ќе ги подгрее сомневањета на Западот. И Пјонгјанг и Техеран се ставени под меѓународни санкции поради нивните нуклеарни програми, а САД ја обвинува Северна Кореја за обезбедување на Иран со делови за напредни балистички проектили.
XS
SM
MD
LG