Достапни линкови

Груевски - Македонија се наметнува на светската инвестициска карта


Средба на премиерот Никола Груевски со македонските иселеници во Торонто.

Средба на премиерот Никола Груевски со македонските иселеници во Торонто.

Премиерот Никола Груевски во интервју за Гласот на Америка изјави дека гледа драстично подобрена бизнис клима во Македонија. За досегашното отсуство на инвестиции, пак, смета дека се должи на глобалната рецесија. Но во интервјуто одбил за одговори на прашања за актуелната политичка ситуација во Македонија, со образложение дека на таа тема нема да коментира се` додека не се врати во земјата.
Груевски се осврнува и на разговорите за името со Грција и како на тоа прашање влија економската криза во Грција. Премиерот вели дека тоа има значително влијание и Грција тоа го користи како алиби пред другите меѓународни партнери и тоа е проблем. Според Груевски пролонгирањето на преговорите за името меѓу Македонија и Грција има влијание и врз привлекувањето на странски инвестиции.

„Ако тоа го ставиме во контекст на членство во ЕУ и НАТО, особено за ЕУ, може да се каже дека неповолно влијае. Меѓутоа, има пак многу компании кои велат дека токму тоа им се допаѓа што не сме членки на ЕУ и НАТО, затоа што знаат дека со влегувањето во ЕУ ќе се зголеми конкуренцијата“,изјавил Груевски.

Делегацијата на Владата предводена од премиерот Никола Груевски ја продолжува политичко-економската посета на САД со посета на Детроит
XS
SM
MD
LG