Достапни линкови

logo-print

Протести во Јордан поради високите цени на горивата


Илјадници луѓе протестираа на улиците на главниот град на Јордан, Аман поради порастот на цените на горивото. Цената на нафтата се зголеми за 10 проценти, а ова е второ такво зголемување за само три месеци. Владата вели дека покачување на цената на горивото е потребно за да се покрие рекордниот буџетскиот дефицит од 4,2 милијарди долари. Дефицитот се должи и на субвенциите кои со години ги даваше владата за електрична енергија и за вода. Демонстрантите, пак, велат дека толерирањето на корупцијата од страна на власта е вистинската причина за економската криза во Јордан.
XS
SM
MD
LG