Достапни линкови

Брахими- потребни се итни и неопходни промени во Сирија


Новиот меѓународен претставник за Сирија Лакдар Брахими.

Новиот меѓународен претставник за Сирија Лакдар Брахими.

Новиот меѓународен претставник за Сирија изјави дека итно и неопходно се потребни промени во Сирија и дека мора да се задоволат потребите на сирискиот народ. Лакдар Брахими зборувајќи во Њујорк во саботата на својот прв работен ден како пратеник на Обединетите нации и Арапската лига, изјави дека обврска на власта беше да се запре насилството. Од почетокот на конфликтот пред година и половина до сега загинаа најмалку 20 илјади луѓе. Коментарите на Брахими доаѓаат откако активистите соопштија дека бунтовниците зазеле противвоздушен одбранбен објект во источниот дел на земјата во близина на границата со Ирак.
XS
SM
MD
LG