Достапни линкови

logo-print

Професори од Америка ќе ја подобруваат прилепската економија


Претставници на Френклин Универзитетот од САД и прилепската локална самоуправа.

Претставници на Френклин Универзитетот од САД и прилепската локална самоуправа.

Френклин Универзитетот во САД и прилепската локална самоуправа потпишаа Меморандум за соработка. Сите новостекнати знаења на новите генерации дипломирани економисти треба да бидат во функција на подобрување на развојот на стопанството.

Стекнување нови искуства, знаења, нови вештини и можност за квалитетно менаџирање со човечките ресурси, се целите на воспоставената соработка на високообразовната научна институција, Френклин Универзитетот во САД и прилепската локална самоуправа.
Од тука ќе ги црпиме нивните знаења, нивните искуства, преку конкретни совети, преку конкретни проекти или предлози, со цел да се подобри работата на локалната самоуправа, да се унапреди. Исто така да ја унапредиме работата на јавните претпријатија, а од друга страна локалната самоуправа во понатамошниот период, да ја даде својата поддршка кон овие студии, во смисла на различен вид на потреба, како промоција на програмата, соработка со академската средина во САД.

Сите новостекнати знаења на новите генерации дипломирани економисти треба да бидат во функција на подобрување на развојот на стопанството, на подобрување на севкупната стопанска клима, која бележи негативен тренд со години. Всушност практиката, знаењата кои македонските студенти ќе ги стекнат на предавањата од еминентните и врвни професори кои доаѓаат од Френклин Универзитетот, од САД како светска економија, ќе бидат гаранција дека веќе ќе бидат на располагање едуцирани кадри, кои ќе ги имплементираат сите знаења и искуства во прилепската економија.
Професор Гери Страут од Френклин Универзитетот од САД и прилепскиот градоначалник, Марјан Ристески.

Професор Гери Страут од Френклин Универзитетот од САД и прилепскиот градоначалник, Марјан Ристески.


„Од тука ќе ги црпиме нивните знаења, нивните искуства, преку конкретни совети, преку конкретни проекти или предлози, со цел да се подобри работата на локалната самоуправа, да се унапреди. Исто така да ја унапредиме работата на јавните претпријатија, а од друга страна локалната самоуправа во понатамошниот период, да ја даде својата поддршка кон овие студии, во смисла на различен вид на потреба, како промоција на програмата, соработка со академската средина во САД“, вели Никола Димоски, професор на Економскиот факултет во Прилеп, институција која неколку години врши размена на професори и студенти и ги бележи првите резултати. А, во моментов таму се наоѓаат неколку македонски студенти на постдипломски студии.
Френклин Универзитетот е познат по високо квалитетно образование на своите кадри. Во таа насока е и потпишувањето на овој Меморандум за соработка со локалната самоуправа, да може преку едукација на кадрите да им се помогне и на факултетот и на градот, а Френклин Универзитетот ќе го прошири на овој начин својот дострел.

„Френклин Универзитетот е познат по високо квалитетно образование на своите кадри. Во таа насока е и потпишувањето на овој Меморандум за соработка со локалната самоуправа, да може преку едукација на кадрите да им се помогне и на факултетот и на градот, а Френклин Универзитетот ќе го прошири на овој начин својот дострел“, вели професор. д-р Гери Страут, претседател на Програмата за човечки ресурси за додипломски и постдипломски студии на Универзитетот, кој што егзистира од далечната 1902 година и каде што повеќе од еден век се едуцираат економски кадри, кои своето знаење го имплементираат и во локалната средина, но и ширум светот.

Имајќи го предвид портфолиото на оваа реномирана американска високообразовна институција, прилепскиот градоначалник, Марјан Ристески очекува дека потпишувањето на Меморандумот за соработка ќе има значаен придонес и за локалната самоуправа и за прилепското стопанство. Тој истакнува дека за решавање на економските проблеми на градот, Општината веќе формира Економски совет.

„Овој Економски совет фактички ќе го прошири своето работење со луѓе еминенти посебно од Френклин Универзитетот, како што е господинот Гери Страут, кој што е професор и експерт за развој на човечки ресурси, но и со другите експерти коишто ќе доаѓаат, за да може да извршат уште поголема, едукација и соработка за подобрувањена ефикасноста и квалитетот на работата на локалната самоуправа“, истакнува градоначалникот Ристески и додава дека сите знаења и искуства ќе се имплементираат и во јавните претпријатија.

Се надева дека соработката ќе се продлабочува, за да може и градот и државата да ги искористат бенефитите, зашто правилното менаџирање со човечките ресурси и во образовните институции и во работните средини има една цел, подобрување на бизнис климата и отворање на нови работни места.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG