Достапни линкови

Ѓорѓиев-со задолжницата ќе се подобрат должничко-доверителските односи


Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.

Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.

Владиниот потпарол Александар Ѓорѓиев изјави денеска дека задолжницата е инструмент со кој ќе се подобрат состојбите во областа на должничко-доверителските односи, што се дополнително оптоварени поради постоењето на европска должничка криза којашто се наоѓа во врвот на својот развој и која има свое влијание и во Македонија.
Ѓорѓиев на прес-конференцијата во Владата најави дека примената на овој инструмент започнува од денеска.
XS
SM
MD
LG