Достапни линкови

Додик-БиХ покажува хронична неспособност да егзистира


Претседателот на Република Српска Милорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина секојдневно покажува хронична неспособност да егзистира и преживее како држава и веќе не е прашање дали постои земјата, туку прашањето е како на мирен начин да се раздели. Според него, тоа е единствено и суштинско прашање ако некој сака да биде рационален.
Тој порача и дека Канцеларијата на Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ требало одамна да ја напушти земјата, истакнувајќи дека за тоа говорат и ставовите на европските земји. Додик смета дека земјата е жртва на некои центри на моќ кои се обидуваат да го докажат невозможното, дека БиХ може да се одржи, што е невозможно.
XS
SM
MD
LG