Достапни линкови

Усвоени законите со кои завршува набљудуваната независност на Косово


Белградските медиуми јавија дека Парламент во Приштина со 63 гласа „за“ и ниту еден против усвои пакет од 21 закон, со кои завршува набљудуваната независност на Косово. На следното заседание Парламентот ќе треба да усвои и 22 измени на Уставот со кои ќе се укинат уставните клаузи за набљудуваната независност на Косово.
Се очекува на 10 септември Меѓународната група за управување на Косово на средба во Приштина да ја прогласи одлуката за прекратување на набљудуваната независност на Косово.
XS
SM
MD
LG