Достапни линкови

logo-print

РСЕ - 11 години на македонски јазик


На 01.09.2001 Радио Слободна Европа ја емитуваше првата емисија на македонски јазик од студиото во Прага во траење од 15 минути. Со тоа македонскиот јазик стана дел од семејството на 28- те јазични сервиси на Радио Слободна Европа во рамките на Сервисот на Јужно- словенските јазици и албанскиот јазик.

Во изминативе 11 години РСЕ на македонски растеше и ја зголемуваше својата програма и популарност во Македонија. Денес од нашите студија во Прага и Скопје се емитуваат 4 радио емисии од по 15 минути на македонски јазик преку главниот партнер Канал 77.

Во рамките на РСЕ на македонски јазик преку локални и национални ТВ станици во Македонија се емитува и популарното Неделно ТВ интервју со проминентни личности од јавниот живот на земјата.

Се поголем приоритет на РСЕ на македонски јазик станува и нашата интернет страница www.slobodnaevropa.mk. Преку нашата интернет страница се остварува и најголемиот контакт со вас почитувани посетители, слушатели и гледачи.

Наша мисија е промовирање демократски вредности во земјите каде печатот не е целосно слободен. Новинарите на РСЕ овозможуваат нецензорирани вести, одговорна дискусија и отворена дебата.
Бидете со нас и натаму.
XS
SM
MD
LG