Достапни линкови

Активни 11 пожари, нови кај Рашче и Патишка река


На територијата на Македонија активни се 11 пожари. Нов пожар е појавен кај селото Рашче во општина Сарај, како и кај селата Патишка река и Дражилово, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Кај селото Рашче гори букова шума, а со пожарот меѓу Патишка река и Дражилово во општина Сопиште зафатена е смрека и сува трева.
Повторно е активен пожарот во општина Студеничани кај селото Рамни Габер и во општина Зелениково кај селото Вражале. Зафатена е високо стеблеста шума.
Активни пожари има и во општина Чашка кај селото Ораше, како и кај селата Дуње и Горно Јаболчиште. Пожари се регистрирани и во општина Струга кај селото Радуч на планината Јабланица и во општина Новаци кај селата Добровени и Совиќ.
Се уште е активен и пожарот во Националниот парк „Јасен“ и пожарите во општина Јегуновце кај селото Вратница и во општина Гостивар кај селата Лакавица и Митрови Крсти.
Пожарот во општина Гевгелија е активен, но ставен под контрола, додека локализирани се пожарите кај селото Церевиќ во Прилеп и пожарот меѓу селата Зајас и Горно Строгомиште во општина Зајас.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека се изгаснати пожарите кај селото Модришта во општина Македонски Брод, кај селото Сушево во општина Василево, како и пожарот кај селото Долно Јаболчиште во општина Чашка.
XS
SM
MD
LG