Достапни линкови

Кучи: Приштина и Белград не разговараат за територијалниот интегритет


Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи изјави дека дијалогот меѓу Приштина и Белград не подразбира доведување во прашање на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Косово и дека разговорот за тоа е затворен.
Кучи, кој смета дека од дијалогот со Србија не треба многу да се очекува, истакна дека преговорите се спроведуваат бидејќи е создадена таква ситуација во која пет држави на ЕУ ја немаат признато независноста на Косово.
"Тие имаат дилеми дали тоа да го направат без дeфинирање на односите меѓу Косово и Србија. Нерешените прашања не се однесуваат на нерешените внатрешни државни, туку меѓународни прашања, и обезбедување мир и стабилност во регионот, изјави Кучи.
XS
SM
MD
LG