Достапни линкови

Универзитетска независност и волшепства


Новица Наков, блогер, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер.
Новица Наков, блогер, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер.

Помеѓу растењето и созревањето, создавањето пријатели и првата љубов, возбудливите приказни и невообичаените вештини, магијата и борбата помеѓу доброто и злото, книгите и филмовите за Хари Потер носат уште една важна тема во себе -Тоа е независноста на академијата, пишува Новица Наков во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Помеѓу растењето и созревањето, создавањето пријатели и првата љубов, возбудливите приказни и невообичаените вештини, магијата и борбата помеѓу доброто и злото, книгите и филмовите за Хари Потер носат уште една важна тема во себе - Тоа е независноста на академијата.
Битката не ја водат само професорите волшебници и нивните ученици, туку и камените чувари на училиштето и духовите од минатото.


Дека ова е важна тема се насетува уште во „Одајата на тајните“ кога Лусиус Малфој заканувајќи им се на другите гувернери на Хогвартс успева, макар и привремено, да го разреши главниот професор Дамблдор. И уште еднаш потоа во „Затвореникот од Азкабан“ кога во неволја поради своите часови ќе се најде професорот со кратка кариера Хагрид.

Но, веќе во „Редот на Фениксот“ мешањето на Министерството за магија во работата на Хогвартс станува главно прашање. Уште на почетокот на учебната година (и на книгата), новоназначената професорка, поранешна службеничка во министерството, Долорес Амбриџ држи говор во кој ја опишува новите задачи во наставата. Хари збунето ќе забележи дека говорот личи на „куп вафли“. Хермиона брзо ќе го поправи дека „важни работи се кријат во вафлите“. Министерството се меша во работата на Хогвартс, ќе заклучи таа. И наскоро учењето ќе се претвори во препишување, а Амбриџ ќе го замени Дамблдор на раководната академска позиција.

Конечно, во „Смртоносните дарови“, Хогвартс е последната линија на одбрана од Волдеморт. Битката не ја водат само професорите волшебници и нивните ученици, туку и камените чувари на училиштето и духовите од минатото. Се чини како Хогвартс и неговите академски жители да се едно во одбраната на својот свет од мрачните сили на господарот на темнината. Со зборовите на Миневра Мекгонагал, тие „ја исполнуваат должноста кон училиштето“.
Сето ова можеби тешко се забележува низ шареноликите волшепства, но пораката е тука. И речиси во сите случаи Хогвартс успева да изнајде сили да се одбрани и засили одвнатре, со помош на своите професори и ученици. Уште повеќе, не само да опстане спроти моќните интереси, туку и да предизвика промени на подобро во целото (волшебничко) општество.

Хогвартс, школата стара илјада години, местото каде што сите млади волшебници го учат занаетот, е замислена како корисна алатка за креирањето на заплетот во овие (не сосема) младински дела. Но, таа е и местото каде личните и политичките интереси се судиираат со образованието на младите луѓе, и каде општеството ја зазема последната стража и ја води последната битка против назадните сили.

Сето ова можеби тешко се забележува низ шареноликите волшепства, но пораката е тука. И речиси во сите случаи Хогвартс успева да изнајде сили да се одбрани и засили одвнатре, со помош на своите професори и ученици. Уште повеќе, не само да опстане спроти моќните интереси, туку и да предизвика промени на подобро во целото (волшебничко) општество.

Ако имате осумнаесетина години, тогаш веројатно сте израснале со Хари Потер. Ако имате осумнаесетина години, тогаш и добредојдовте на универзитетите.
XS
SM
MD
LG