Достапни линкови

Груевски сè уште чека одговор од Самарас


Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.

Дали Самарас ќе прифати средба или не, е негова работа. Наша цел е да отвориме поголемо поле за контакти и да продолжиме да водиме конструктивна политика, рече министерот Никола Попоски.

До овој момент одговор на поканата од премиерот Никола Груевски за средба со грчкиот колега Андонис Самарас нема. Дали Самарас ќе прифати средба или не, е негова работа. Наша цел е да отвориме поголемо поле за контакти и да продолжиме да водиме конструктивна политика, рече шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на денешниот брифинг со новинарите.
Дали Самарас ќе прифати средба или не, е негова работа. Наша цел е да отвориме поголемо поле за контакти и да продолжиме да водиме конструктивна политика.

Премиерот на Грција Андонис Самарас.

Премиерот на Грција Андонис Самарас.

Иако, како што соопшти, има разбирање за должничката криза во која се наоѓа Грција, Македонија не смее да биде заложник на една непринципиелна и неодговорна политика на нашиот јужен сосед.

Информирајќи за активностите кои биле спроведени и ќе следат наредниот период, Попоски рече дека Македонија секоја следна година е се поподготвена за влез во Унијата во однос на претходната, а во пресрет на октомврискиот извештај за напредокот на нашата земја, очекува објективно да се оцени реализирањето на сите одредници од Претпристапниот дијалог на високо ниво.
Очекувам одржување на тензијата за прашањето од наша страна, да не се дозволи грчката страна да го минимизира тоа. Очекувам да ги минимизираме можностите грчката страна да претстави која било наша активност пред заедничките пријатели како провокативна и трето, очекувам и се надевам ова прашање во наредниот период, кој е веќе предизборен период, што помалку да се користи за дневно политички потреби.

Враќањето на придавката македонски во извештајот на Унијата за министерот е логичен и принципиелен чекор. Тврди дека доколку се случи во годинешниот извештај повторно да биде избришана придавката македонски, извештајот нема да го прими.

И додека надлежните ветуваат искрена и отворена политика и целосна посветеност околу спорот за името, во периодот што следува домашната стручна јавност не очекува интензивни разговори меѓу македонската и грчката страна.

Преговорите ќе стагнираат?

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу проценува дека нема да се случат драматични промени есенва. Притоа не ја исклучува можноста дека преговорите ќе стагнираат.

„Очекувам одржување на тензијата за прашањето од наша страна, да не се дозволи грчката страна да го минимизира тоа. Очекувам да ги минимизираме можностите грчката страна да претстави која било наша активност пред заедничките пријатели како провокативна и трето, очекувам и се надевам ова прашање во наредниот период, кој е веќе предизборен период, што помалку да се користи за дневно политички потреби“, изјави Муслиу.

Дали ќе има некакви поместувања во врска со ова прашање, ќе зависи од политичката волја на двете засегнати страни, но и на посредникот во спорот, вели универзитетскиот професор Елена Андреевска.

„Можеме да бидеме поактивни со наши размислувања, предлози да дадеме до посредникот итн., за тој да ги обмисли, да ги провери со другата страна, идејата на посредувањето е тоа.“

Деновиве пред македонските иселеници во Канада, премиерот Груевски изјави дека сака да се заврши приказната со македонското прашање и да се запечати нашата националност, јазик и идентитет.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG