Достапни линкови

Претседателот Иванов во идната недела во Брисел


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од 3 до 5 септември ќе престојува во Брисел каде што ќе се сретне со највисоките преставници на Европската унија и НАТО: претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Централни теми на разговорите ќе бидат македонските евроинтегративни процеси и очекувањата на Македонија во однос на октомврискиот извештај на Европската комисија. Не е предвидена средба на Ѓорге Иванов со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо поради, како што е наведено во Брисел, неговата обемна агенда во тоа време.
XS
SM
MD
LG