Достапни линкови

Попоски: не прифаќаме извeштај на ЕК без придавка „македонски“


министерот за надворешни работи Никола Попоски

министерот за надворешни работи Никола Попоски

Македонија нема да го прифати извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата годинава доколку во него не е содржана придавката „македонски“, потврди денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски. „Враќањето на придавката „македонски“ би било логична работа и би го задржала кредибилитетот од аспект на оние вредности кои ги промовира Европската унија. Дали тоа ќе се случи или не зависи единствено од тие што го подготвуваат извештајот. Дали Грција ќе се фокусира врз отстранување блокади и дејствување во правец што е во интерес на сите земји од регионот или ќе ја троши таа енергија на бришење придавки и додавки е исклучиво прашање на нивна одлука. Сакаме да видиме дека енергијата ќе ја фокусираат на првото, а не на второто“, рече Попоски на денешниот брифинг со новинарите.
XS
SM
MD
LG