Достапни линкови

Домашните аналитичари есенва не очекуваат некакво поместување во спорот за името. Препорачуваат активност од македонска страна.

Во периодот што следува домашната стручна јавност не очекува интензивни разговори меѓу македонската и грчката страна околу прашањето за името. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу проценува дека нема да се случат драматични промени есенва. Притоа не ја исклучува можноста дека преговорите ќе стагнираат.
Очекувам одржување на тензијата за прашањето од наша страна, да не се дозволи грчката страна да го минимизира тоа. Очекувам да ги минимизираме можностите грчката страна да претстави која било наша активност пред заедничките пријатели како провокативна и трето, очекувам и се надевам ова прашање во наредниот период, кој е веќе предизборен период, што помалку да се користи за дневно политички потреби.

„Очекувам одржување на тензијата за прашањето од наша страна, да не се дозволи грчката страна да го минимизира тоа. Очекувам да ги минимизираме можностите грчката страна да претстави која било наша активност пред заедничките пријатели како провокативна и трето, очекувам и се надевам ова прашање во наредниот период, кој е веќе предизборен период, што помалку да се користи за дневно политички потреби“, изјави Муслиу.
Средба на премиерот Никола Груевски со македонските иселеници во Торонто.

Средба на премиерот Никола Груевски со македонските иселеници во Торонто.


Дали ќе има некакви поместувања во врска со ова прашање ќе зависи од политичката волја на двете засегнати страни, но и на посредникот во спорот, вели универзитетскиот професор Елена Андреевска.

„Се зависи од добрата волја на двете страни и посредникот којшто секако дека е најзаинтересиран да го реши после толку години, оти и нему му тежи.“
Се зависи од добрата волја на двете страни и посредникот којшто секако дека е најзаинтересиран да го реши после толку години, оти и нему му тежи.

Одбивањето на грчкиот премиер Андонис Самарас да одговори на поканата за средба од страна на неговиот македонски колега Никола Груевски значи дека Грција во моментот не е заинтересирана да го затвори ова прашање. Но, тоа не значи дека македонските власти треба да престанат да иницираат билатерални средби, посочува Муслиу.

„Прво, треба да се продолжи со тие барања, но да не бидат преку медиуми. Дипломатија подразбира контакти, иницијативи кои се вон очите на јавноста. Треба да се искористат сите контакти и пријатели кои ние ги имаме за да се увери грчката страна дека има потреба разговорите да продолжат.“

Иницијатива за средби, контакти и разговори може да даде која било страна. Во наредниот период потребно е македонското раководство да покаже дека е подготвено да најде решение на долгогодишниот спор, а тоа да го изрази преку различни активности во рамки на Обединетите нации, вели професор Андреевска.

„Можеме да бидеме поактивни со наши размислувања, предлози да дадеме до посредникот итн., за тој да ги обмисли, да ги провери со другата страна, идејата на посредувањето е тоа.“

Деновиве пред македонските иселеници во Канада, премиерот Груевски изјави дека сака да се заврши приказната со македонското прашање и да се запечати нашата националност, јазик и идентитет. Тој и се заблагодари на македонската дијаспора за како што рече, непоколебливата поддршка за овие прашања.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG