Достапни линкови

Можни ли се мултиетнички партии во Македонија?


Предвремени парламентарни избори 2011 година.
Предвремени парламентарни избори 2011 година.

Само граѓанските организации може да направат, дали политичка опција или граѓански здруженија со мешан етнички карактер, вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.

Политичарите повторно посегнаа по омилените играчки – меѓуетнички расправии и вонредни парламентарни избори, трети по ред за само шест години. Најдоа нов начин да ја искористат националната карта, ги злоупотребија кревките меѓуетнички односи и повторно се поделија на Албанци и Македонци и побараа избори, велат експертите.
Само граѓанските организации можат да бидат тие кои можат да направат, дали политичка опција или граѓански здруженија со мешан етнички карактер. Ни една друга политичка партија тоа не може да го направи. Граѓанските здруженија во Република Македонија можат да бидат тие кој ќе направат заеднички, да не речам политички субјект, туку заедничка мрежа на граѓани од повеќе национални заедници кои понатаму ќе може да ги замрсат конците на која било политичка партија во Македонија.
Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција.

Во ситуација кога етничката поделеност редовно се користи на избори како механизам за собирање на гласови, се поставува прашањето кога ќе созрее општеството за политичка партија, која во себе ќе содржи членови од мешана етничка припадност.
Предвремени парламентрани избори 2011.
Предвремени парламентрани избори 2011.

Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, вели дека тоа може да се случи наскоро, и оти граѓанскиот сектор е тој што ќе го обедини народот и на следните регуларни парламентарни избори би можеле да понудат нова опција.

„Само граѓанските организации можат да бидат тие кои можат да направат, дали политичка опција или граѓански здруженија со мешан етнички карактер. Ни една друга политичка партија тоа не може да го направи. Граѓанските здруженија во Република Македонија можат да бидат тие кој ќе направат заеднички, да не речам политички субјект, туку заедничка мрежа на граѓани од повеќе национални заедници кои понатаму ќе може да ги замрсат конците на која било политичка партија во Македонија.“
Сега веќе следи период на апатија затоа што на сите избори што ги имавме досега во Македонија националното претставување и популистичката политика беше главна, затоа што многу евтино ги чини политичките партии популистички да се однесуваат, на некој начин да ги изманипулираат гласачите.
Назми Малиќи, политички аналитичар.

Експертите велат дека политичарите се тие што сакаат општеството да биде етнички поделено затоа што така полесно се контролира и се влијае врз граѓаните во зависност од партиските интереси кои политичарите често ги ставаат над државните.

Аналитичарот Назми Малиќи вели дека најдобро ќе биде ако за почеток политичарите сфатат дека предизборното меѓуетничко коалицирање дава можност граѓаните да избираат свои претставници во парламентот според заедничката програмата која ќе им ја понудат, а не според етничката определба.

„Сега веќе следи период на апатија затоа што на сите избори што ги имавме досега во Македонија националното претставување и популистичката политика беше главна, затоа што многу евтино ги чини политичките партии популистички да се однесуваат, на некој начин да ги изманипулираат гласачите.“

Професор Мирјана Малеска вели дека оваа власт досега предизвика доста незадоволство кое ги тера луѓето да се обединат по разни основи.

„Граѓанската иницијатива воопшто не е за потценување, таа не може директно да предизвика политички последици, меѓутоа индиректно во смисла на создавање на јавно мислење, во смисла на една порака која ја праќаат дека ние имаме многу работи што споделуваме заеднички, сите како граѓани без разлика на етничкото потекло, отколку што има работи кои не делат и тоа многу важни работи како цените, поскапувањето.“

Експертите велат дека привидниот соживот што го создаваат политичарите оневозможува вистински демократско зреење на општеството.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG